Канте го откачи ПСЖ, шанса за Реал Мадрид

Нголо Канте е еден од ретките фудбалери на Челси кои и сезонава играат на највисоко можно ниво, што го прави францускиот ас интересен за европските гиганти. Тој засега искажува лојалност кон лондонскиот клуб, но извори блиски до Канте тврдат дека тоа може да се промени доколку Челси втора година по ред не обебеди учество во Лигата на шампионите. Канте лани одби неколку понуди, но негова желба е да биде дел од елитното европско натпреварување и доколку „сините“ повторно не успеат да се најдат во Топ 4 во Премиeр-лигата, голема е веројатноста дека францускиот ас ќе побара трансфер во теткот на летото.

Едно е сигурно – Канте нема да се врати во татковината откако веќе ја отфрлил и најновата понуда на ПСЖ. „Светците“ се еден од ретките клубови кои можат да ја израмнат платата од 300.000 евра неделно што Канте ја заработува во Челси, но големиот борец на средината од теренот јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за преселба на „Паркот на принцовите“.

Од целата ситуација може да профитира Реал Мадрид, со оглед на најавената офанзива на „кралевите“ за преговори со Челси. Еден Азар е најблиску до „Сантијаго Бернабеу“, но Флорентино Перез е подготвен да разговара и за Канте. Во понудите би биле вклучени Герет Бејл и Матео Ковачиќ, се со цел да се спушти цената што Реал ќе треба да ја плати за тандемот на Челси.

Се вчитува...