Канте: Ме бараше ПСЖ, но Челси е најдобриот клуб за мене

Лесно можело да се случи Нголо Канте по освоената светска круна да се врати назад во татковината откако ПСЖ најавил офанзива за негов ангажман. Сепак, воопшто не била испратена понуда откако самиот Канте им порачал на „светците“ дека нема намера да си замине од Челси.

„Не беше многу одамна, непосредно по завршувањето на СП во Русија, кога се појавија клубови со сериозен интерес да ме доведат. Имав и конкретни разговори со ПСЖ, но потоа седнав на маса со Челси, увидов дека се чувствувам прекрасно во овој клуб и немам потреба да менувам било што. Челси е вистинскиот клуб за мене, му го соопштив тоа на ПСЖ и преговорите прекинаа“ – открива Канте.

Францускиот ас ги одигра првите четири средби за Челси од стартот на сезонава, а постигна и еден погодок, на премиерниот натпревар против Хадерсфилд.

 

Се вчитува...