Канте е позитивен на коронавирус

Челси во среда ќе се сретне со Јувентус во второто коло од Лигата на Шампионите, а Томас Тухел за натпреварот во Торино нема да го има на располагање Нголо Канте. Францускиот репрезентативец се мачи со повреда, а згора на тоа бил позитивен на последното тестирање на коронавирус, поради што дефинитивно нема да биде во комбинација за лондонскиот тим до репрезентативната пауза.

Канте ќе го пропушти мечот со Јувентус, а нема да биде во комбинација ниту за наредниот премиерлигашки дуел против екипата на Саутемптон. За очекување е Тухел повторно да му даде шанса на Ковачиќ како замена за Канте.

Останува да се види дали Канте ќе може да настапи за Франција на почетокот од следниот месец, во кој „триколорите“ ги очекува полуфиналето од Лигата на Нации против Белгија, а потоа и квалификациските средби за СП 2022 против Казахстан и Финска.

Се вчитува...