Кантона со контроверзни изјави го „пецка“ Реал Мадрид: Многумина насмеа, но сигурно не и Роналдо!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, нема кога не е интересен со своите коментари за фудбалските актуелности ширум Европа.

А, фокусот некако на шпанското „Ел Класико“ и односот меѓу Барселона и Реал Мадрид….

„Не можам да верувам дека Реал не направи шпалир за Барселона. Каков недостаток на почит. Но, не е ни чудно кога се знае колку меѓусебно се мрзат“ – коментираше Кантона за „Еуроспорт“, продолжувајќи со ‘пецкањата“ на емстка на Реал Мадрид и неговиот „посебен“ статус меѓу судиите во Лигата на шампионите.

„Да се врати истиснатата паста за заби назад во тубата е навистина тешко и една од покомплицираните работи во животот. Но, постои нешто покомплицирано и од тоа… Како да добиете пенал против Реал Мадрид во Лигата на шампионите“ – вели Кантона, кој не заборави да испрати и порака до поранешниот менаџер, сер Алекс Фергусон посакувајќи му брзо опоравување по доживеаниот мозочен удар.

„Тој е мој ментор, мој херој… Тој е вистински борец и ќе победи, како и секогаш. Секогаш му успева“ – вели Кантона.

Се вчитува...