Жозе Мурињо константно е на удар на медиумите и фудбалската јавност воопшто во Англија откако не успева да го извлече Манчестер јунајтед од кризата веќе подолг период.
Легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Ерик Кантона од поодамна изјавуваше дека повеќе би сакал да го види Пеп Гвардиола на клупата на Јунајтед место Мурињо, а сега на свој карактеристичен начин ги прокоментира најновите маки на „Специјалниот“ и по поразот од Јувентус во Лигата на шампионите…
„Тој едноставно не е вистинскиот маж за оваа девојка“ – кратко порача Кантона.
Французинот истакна дека го сака и почитува Мурињо, но Манчестер јунајтед во овој момент е погрешен клуб за него. И обратно!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА