Кантрегел емотивно: „Во мое и во името на сите ракометари, нашите мисли се со Кинтана!“

Голманот на Вардар, Робен Кантрегел имаше одличен натпревар во победата на „црвено-црните“ над Елверум од 32-35. По мечот на прес-конференцијата тој во името на сите свои соиграчи крајно емотивно испрати порака на поддршка за голманот на Порто Кинтана, кој во моментов е во тешка состојба, откако во понеделникот на тренинг доживеа срцев удар.

„Зборувам во името на сите ракометари на Вардар. Нашите мисли се со Алфредо Кинтана. Околу натпреварот се боревме цел натпревар кој беше неизвесен до самиот крај. Ветувам дека вака ќе се бориме до крајот на групната фаза како би оствариле што подобар пласман“, изјави Кантрегел. 

Се вчитува...