Капарос: Македонија е квалитетна селекција, ќе се надигруваме

Ерменија е првиот ривал на Македонија во новиот циклус од Лигата на нации, а селекторот Хоакин Капарос со максимална почит зборува за нашиот национален тим. Вели дека поразот што Македонците го доживеаја во Ереван (4-0) пред повеќе од две години сега не значи апсолутно ништо, а знае дека Игор Ангеловски располага со квалитетен состав.

„Со нетрпение и ентузијазам го очекуваме стартот на ова натпреварување. Македонија е квалитетна селекција, но сметам дека двете репрезентации имаат слични карактеристики и ќе се надигруваме на утрешниот меч. Поразот од пред две години сега не значи ништо, многу работи во фудбалот се менуваат за две седмици, а не пак за долг период како две години. Ќе се надигруваме и се надеваме на успешен старт“, изјави селекторот на Ерменија, Хоакин Капарос.

Се вчитува...