Капарос: Не сум сигурен дека тоа на стартот беше пенал

Ерменците загубија со 2-1 во Скопје, а селекторот Жоакин Капарос е задоволен од изданието на неговиот состав. Вели дека Ерменија прикажа подобра игра од Македонија, а првиот пенал за него е спорен.

„Сакам да им честитам на моите фудбалери за играта затоа што не е лесно да се прими гол уште во 5.минута од пенал, кој не сум сигурен ниту дека беше пенал. Во една таква ситуација во продолжението одигравме подобро од домаќинот, иако беше тешко да се вратиме. Затоа сум задоволен максимално од се што видов, знам дека не заслуживме пораз и знам дека во продолжението од Лигата на нациите ќе бидеме се подобри и ќе атакуваме на врвот од табелата“, изјави Капарос.

Се вчитува...