Капарос: Не сум волшебник, фудбалерите ја заслужија победата над Реал

Севилја е повторно во победнички елемент, и тоа со скалпот на Реал Мадрид, кој синоќа беше поразен со 3-2 на „Санчез Пижуан“. Новиот тренер Хоакин Капарос, кој се нафати бесплатно да работи со тимот до крајот на сезоната, а го наследи Винченцо Монтела, целата заслуга за триумфот им ја припишува на фудбалерите.

„Убаво е кога огромните напори на фудбалерите ќе бидат наградени со добар резултат. Тие го оставија срцето на теренот и бодрени од публиката успеаја да го совладаат Реал Мадрид. Да се разбереме, тоа воопшто не е лесно. Немам јас волшебно стапче, само со напорна работа ќе стигнеме до целите што ги имаме зацртано“, изјави Капарос по успехот.

Севилја со триумфот над Реал Мадрид се искачи на седмата позиција на табелата во Ла Лига, со 54 бода, и сега се наоѓа во зоната која носи излез во Европа.

Се вчитува...