Капарош и Хамбарџумјан едногласно: „Одиме на победа со Македонија, домашниот терен како предност…“

Селекторот на Ерменија, Жоакин Капарош е убеден дека неговата селекција ќе одигра квалитетен натпревар и ќе успее да дојде до бодовите против Македонија на утрешниот претпоследен квалификациски натпревар за пласман на СП 2022.

„Ние добро го познаваме противникот, а добро не знаат и тие нас. Па, не очекувам некои посебни изненадувања. Мислам дека потег или нијанси ќе го одлучат победникот. Македонија има навистина добар тим со кој сме се сретнале неколку пати. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да дојдеме до победата“ – истакна на денешната прес-конференција во Еревен, Капарош, притоа дополнувајќи:

„Сите кои се тука се подготвени. На Мкхитарјан не му недостасува клупска минутажа од мечевите, тој е во добра форма затоа што нивото на тренинзи е многу високо. Барсегјан игра добро целата сезона, па принудениот одмор може добро да влијае и на неговата кондиција. Ниту Балекјан и Селарајан немаат проблем“.

Еднакво е размислувањето и на поранешниот вардаров фудбалер Хофханес Хамбарџумјан…

„Нема непознаници меѓу двете репрезентации. Мислам дека сега сме израмнети со квалитет. Ние имаме предност на домашен терен и верувам дека ќе дојдеме до победата“ – истакна Хамбарџумјан.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија во Ереван во Групата Ј од квалификациите за СП 2022 се игра утре со почеток од 18 часот.

Се вчитува...