Капело: Англија секогаш на Мундијалите доаѓа изморена и со страв

Поранешниот селектор на англиската репрезентација Фабио Капело, ги опиша проблемите на Англија на големите турнири. Италијанецот беше селектор на „Гордиот Албион“ од 2007 до 2012 година, во миговите кога Англија ја имаше една од најдобрите генерации.

Капело смета дека неуспесите на Англија се должат на тоа што нивните играчи доаѓаат изморени на турнирите, и со страв.

„Секогаш е исто. Англија доаѓа на Мундијалите уморна и со страв во очите. Се сеќавам дека играше против Италија и поведе после само 10-15 минути. И од тој момент се префрли на долги топки. Имаше страв. Тоа е проблемот. Стравот и заморот се елементи со кои селекторот ќе мора да се соочи“, изјави Капело.

Се вчитува...