Капело: Еве зошто Јувентус е фаворит за скудетото во Серија А

Фабио Капело верува дека Јувентус е главен фаворит за освојување на шампионската титула во Серија А, во која „црно-белите“ имаат се што им е неопходно за да се вратат на врвот на италијанскиот фудбал.

Во интервју за тиражниот весник „Газета дело спорт“, трофејниот италијански стратег верува дека главен адут на Јуве сезонава ќе биде неиграњето во Европа и можноста тренерот Алегри да се насочи само на домашните натпревари на „старата дама“.

„Јувентус е мојот фаворит за скудетото, а еве и зошто… неиграњето во Европа е голем плус. Тоа беше случај и со мојот Милан во сезоната 1991/92, кога бевме дисквалификувани од Европа, но станавме шампиони, мислам дека тоа ќе биде случај и сега со Јувентус. Помалку патување, помалку физички и психолошки замор и на фудбалерите и на стручниот штаб, со самото тоа, многу помалку повреди. За секој тренер е идеално да се подготвува за еден натпревар неделно, Алегри ќе знае како да го искористи тоа“, изјави Капело.

Јувентус моментно е второпласиран на табелата во Калчо-лигата со десет бода по првите четири кола, два бода заостанување зад лидерот Интер.

Се вчитува...