Капело го осуди тимот на Пирло: Срамен Јувентус, ова е недозволиво!

„Бјанконерите“ синоќа загубија со 3-0 во Торино од Милан. Ова беше натпревар за борба и пласман во Лигата на шампиони, со оглед на тоа што во следните три кола ништо не зависи од поранешниот шампион на Италија.

Постои голема можност да ги видиме Роналдо и компанија во Лигата на Европа следната сезона. Тимот на Андреа Пирло имаше уште еден лош натпревар, па според зборовите на Фабио Капело, фудбалерите на „Старата дама“ играле срамно.

“Срамен Јувентус. Тие не постоеја во првиот дел од натпреварот. Тие немаа идеја. Милан го играше својот фудбал и не ги комплицираше работите. Двата тима направија многу додавања во првото полувреме. Видов толку многу грешки, што се прашував дали се доволно добри за да играат во Суперлигата“, изјави Капело.

Распоредот на Јуве нема да биде полесен во текот на следните недели. Во среда ќе гостуваат кај Сасуоло, а потоа за викенд ќе го пречекаат шампионот на Италија, Интер.

Се вчитува...