Капело: Лајпциг требаше да го победи Реал со 5-2, однесувањето на Винисиус е срамно

Реал Мадрид успеа да го елиминира Лајпциг од Лигата на шампионите, спасувајќи се само со ремито (1-1) на „Сантијаго Бернабеу“ во кое гостите пропуштија можност да ја казнат лошата игра на „кралевите“.

Легендарниот Фабио Капело вели дека Лајпциг, да го имал индивидуалниот квалитет на Реал, како биле поставени двата меча на крај ќе славел со 5-2.

„Лајпциг одигра одличен натпревар во Мадрид, доминираше и имаше неколку шанси, но не успеа да ги искористи. Играа добро до шеснаесетникот на Реал Мадрид и тука им недостасува квалитет за вистинска завршница. Немаа и среќа на мечот… Реал одигра лошо, искомбинирано со исфрустрираниот Винисиус кој нема однесување на голем играч. Очигледно е дека се повеќе ги иритира и своите навивачи. Ако Лајпциг го имаше квалитетот на Реал Мадрид, ќе победеа со 5-2“ – анализираше Капело за „Скај Спорт Италија“.

Се вчитува...