Капело: Не е до селекторот, Италија нема талентирани фудбалери

Фабио Капело си замина од клупата на Џиангсу, а веднаш штом стана слободен со неговото име почна да се шпекулира и во врска со испразнетото место во италијанскиот национален тим. Сепак, 71-годишниот стратег јасно стави до знаење дека таа функција воопшто не го интересира и дека ангажманот во Кина ќе биде последен во неговата тренерска кариера.

„Селектор? Имав свои искуства со Англија и со Русија, немам намера повеќе да се занимавам со такво нешто. Мојот ангажман во Џиангсу беше последен во кариерата, го задржав тимот во лигата и среќен сум поради тоа. Сега ќе работам како стручен аналитичар и тоа е тоа“ – изјави Капело.

Главен фаворит во трката за селектор е Роберто Манчини, но „Дон Дабио“ смета дека проблемот на „аѕурите“ не е во стратегот на клупата, туку во фудбалерите.

„Манчини е вистинскиот избор? Му посакувам среќа, но сметам дека кој и да дојде ќе се соочи со истиот проблем – недостиг на лидери и на фудбалери кои можат да направат разлика на теренот. Манчини поседува искуство и тоа ќе му помогне, но на италијанската репрезентација и недостига талент. Има некои играчи кои настапуваат добро во Серија А, но не се на истото ниво во националниот тим“ – истакнува Фабио Капело.

Се вчитува...