Капело: Не го очекував ова од искусен тим како Интер, сега дилемата за шампион е решена

Интер не го искористи киксот на Наполи за превземање на првата позиција на табелата во Серија А ремизирајќи со Лацио со 2-2 на коло пред крајот на шампионатот. Со тоа „нероаѕурите“ останаа на бод негатива во однос на лидерот на табелата.

Ремито на Интер го прокоментира и легендарниот италијански тренер Фабио Капело според кој дилемите за шампион по ова реми и дефинитивно се решени.

„Ова не го очекував од искусен тим како Интер, вака да ја испушти титулата на едно коло до крајот на сезоната. Верувам дека сега е готово“, изјави Капело.

„Последните 10 минути беа феноменални бидејќи двата тима се обидоа да победат, иако морам да кажам дека Интер беше поблиску. Факт е дека, како што реков претходно, момците на Инѕаги премногу често се опуштаат, необјасниво. Интер доминираше во првото полувреме, сакаше да победи, сакаше да постигнува голови. Овој Интер не се појави во второто полувреме, играше за да губи време. Беа помалку внимателни или брзи, заспаа. И не е прашање на физички пад, бидејќи сите трчаа како луди по 2-2. Станува збор за глава, менталитет…

Несвесно размислувајќи за финалето на Лигата на шампионите, кое е веднаш зад аголот во овој момент, можеби стравот од повреда го натера тимот да застане. Штета, бидејќи овој сегашен Наполи не е ист како Наполи од пред неколку месеци. Но, тоа е уште една причина повеќе да му се оддаде признание на Конте за тоа што оствари подвиг што малкумина го предвидоа на почетокот на сезоната“

Се вчитува...