Капело упати предупредување до Мурињо: Рим е град кој може да го изгори секого!

Фабио Капело во 2001 година со Рома ја освои титулата во Серија А, а две децении подоцна во Рим пристигна Жозе Мурињо и навивачите веќе почнаа да сонуваат на враќање на тимот на врвот во Италија.

Капело го предупреди Португалецот што го чека во Рим, па Мурињо ќе мора да биде многу внимателен.

„Мурињо доаѓа во најубавиот град во светот, но град кој може да уништи и изгори секого. Во Рома е неверојатно тешко да се работи. Во Рим секогаш има силни емоции и големи очекувања. Можеби од страна изгледа опуштено, но не е така“, вели Капело.

Поранешниот тренер на Рома открива и што е потребно да се успее во тимот.

„Потребна е моќна група на фудбалери и силен тим со соработници. Не се сомневам дека Мурињо е способен да создаде добар тим, иако немаше успех во последно време“, кажа Италијанецот.

Се вчитува...