Капинковски и Пелистер се разделија

Maкедонскиот фудбалски прволигаш Пелистер ја информираше јавноста дека ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб на тимот, Димитар Капинковски.

Иако Пелистер беше во серија на лоши резултати, вчера успеа да освои бод на домашен терен против Шкендија, но и тоа не беше доволно Капинковски да остане на чело на битолскиот клуб.

Неговиот наследник ќе биде познат следните денови.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски. Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и прифесионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата. Во првите девет натпревари Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази. Клубот деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб“, стои во соопштениеот на ФК Пелистер. 

Се вчитува...