Капинковски ќе го води Пелистер во пролетниот дел од сезоната

Димитар Капинковски и официјално ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Пелистер за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Капинковски, кој пред крајот на есентта, дојде како замена за Штерјовски ја доби довербата на раководството на клубот да го води тимот до крајот на сезоната.

Одлучувачка за останување на Капинковски на клупата на „пелистерци“ беше победата во последното есенско коло од 0-1 на гостувањето против Шкендија. Пелистер стартот на подготовките за пролетта го закажа веднаш по Божиќните празници.

Се вчитува...