Капитенот Габи го напушта Атлетико Мадрид и се сели кај Чави во Ал Сад

Капитенот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Габи, објави дека си заминува од „Ванда Метрополитано“ и кариерата ќе ја продолжи во Катар. Тој ќе стане нов соиграч на Чави и ќе го носи дресот на Ал Сад.
Габи (34) потпиша тригодишен договор со новиот клуб и за овој период ќе заработи 19 милиони евра. Атлетико Мадрид веќе ја обезбеди замената за искусниот играч за врска, со ангажманот на младиот Родри. Капитенската лента по заминувањето на Габи ќе ја преземе дефанзивецот Диего Годин.

Се вчитува...