Капитенот на Болоња емотивно – Плачев кога дознав дека Михајловиќ е болен

Капитенот на Болоња, Блерим Џемаили изјави дека многу тешко му паднала болеста на својот тренер, Синиша Михајловиќ, со кога откако е во клубот успеал да изгради посебен однос.

„Бевме во карантин кога дознавме. Првиот ден ни рекоа дека не е со нас бидејќи има грозница. Вториот ден исто… Потоа следеше повик преку Скајп преку кој ни соопшти за што се работи. Јас плачев тој 13. јули цел ден. Тогаш зборувавме дека ако треба со него ќе го изедеме цел свет. Претходната сезона да дојдеше еден месец покасно ние ќе испадневме во Серија Б. Ни наби лудачка енергија откако пристигна во Болоња“, изјави Џемаили. 

Болоња во моментов се наоѓа 9. позиција на првенствената табела со 22 освоени бода, а првиот натпревар во новата година ќе го одиграат на 6. јануари кога ќе ја пречекаат Фиорентина.

Се вчитува...