Капитенот на германски клуб доби отказ, бидејќи се докажало дека е нацист

Капитенот на германскиот третолигаш Кемницер, Даниел Фран, доби отказ откако се покажало дека ги подржува неонацистите.

Фран пред неколку месеци беше во центарот на вниманието откако носеше маица на која пишуваше „ХооНаРА“ што е кратенка за „Хулигани, нацисти и расисти“. Клубот го предупреди 32-годишникот кој се оправдуваше дека маицата не му значи ништо.

Раководството на клубот му поверува и одлучи да не го казни, но се испостави дека тоа било грешка. Минатиот викенд Фран бил на трибините покрај водачот на „ХооНаРа“ групата носејќи маица на која пишувало „подржете ги своите локални хулигани“. Овојпат клубот не можеше да му прости и веднаш објави дека го раскинале договорот со него.

Се вчитува...