Капитенот на Јунајтед шокираше со објава против управата, клубот реагираше: Профилот му е хакиран

По поразот од Брајтон во ФА Купот на социјалната мрежа „Х“ одекна скандалозна објава од страна на капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш кој упати порака за заминување на групацијата „ИНЕОС“ од клубот.

Ден подоцна се огласи и Манчестер Јунајтед со јавно соопштение во кое се наведува дека профилот на капитенот на клубот е хакиран и тоа не е неговиот став.

„Профилот на платформата „Х“ на Бруно Фернандеш е хакиран. Навивачите не треба да имаат никаква интернација со било која објава или порака од одвој профил“, стои во соопштението.

Сомнежот за каков чин се јави по споделената фотографија од профилот алудирајќи на поразот од Ливерпул со 7-0, нешто што е невообичаено за фудбалер.

Се вчитува...