Капитенот на Монако, Висам Бен Једер е обвинет за сексуален напад кој се случил на почетокот од оваа недела на Азурната обала.
Јавниот обвинител на Ница изјави за АФП дека „постојат две пријави за силување и две жртви“.
„Не го знаеме идентитетот на другиот осомничен“ – изјави судијата, а „Франс инфо“ пренесува дека тоа би можел да биде помладиот брат на Бен Једер.
„Франс инфо“ пренесува и дека две девојки на 19 и 20-годишна возраст ги пријавиле Бен Једер и неговиот брат дека сексуално ги злоупотребиле после вечерата на која биле заедно.
Бен Једер во април беше осуден од Судот во Севилја на шестмесечна условна казна и парична казна од 134.000 евра, поради затајување данок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА