Капитенот на Партизан објави крај на кариерата

Доаѓањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан означи и крај на една ера во таборот на „црно-белите“, откако капитенот Новица Величковиќ објави крај на кариерата.

Крилниот центар во последните години се мачеше со повреди, а во период кога Партизан составува моќен тим за атак на трофеи под водство на Обрадовиќ, Величковиќ на 34-годишна возраст објави дека повеќе нема да игра кошарка.

„Решив, доста беше. Време е да ставам точка на целата кариера и да се насочам кон животот надвор од кошаркарскиот терен. Мораше и тоа еднаш да се случи“, изјави Величковиќ.

Новица Величковиќ заигра за сениорскиот тим на Партизан во 2004 година и беше дел од „црно-белите“ во годините на доминација под водство на Душко Вујошевиќ. Потоа следеа настапи за Реал Мадрид, Мега и за Бамберг, по што во 2016 година се врати назад во Партизан.

Се вчитува...