Капитенот на Реал „збесна“ по прашање за Мбапе

Браселона го растури Реал Мадрид победувајќи со 3-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот на Далас каубојс во Тексас пред околу 80.000 навивачи.

Дембеле во 15. минута донесе водство за Барселона, а потоа прилично долго се чекаше на вториот гол. Барса дури во финишот тотално ги скрши „кралевите“ со головите на Лопез во 85. минута, односно Феран во 91. минута.

Дани Карвахал беше капитен на Реал на мечот затоа што во првите 11 не беа Начо Фернандез, Лука Модриќ и Тони Кроси.

Карвахал по дуелот беше прашан, меѓу останатот, и за Килијан Мбапе, на што капитенот на „кралевите“ нервозно одговори.

„Не разговараме тука за Мбапе, или за било кој друг. Ние сме тие кои сме овде. Ние сме Реал и зборуваме тука само за Реал“ – одговори Карвахал.

Се вчитува...