Капитенот на Рома се сели во Тотенхем како замена за Трипие

Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино одлучи да ги промени двата бекови за новата сезона. Но, за десниот бек Киран Трипие, кој замина во Атлетико Мадрид веќе е најдена замена.

Како што тврдат англиските медиуми нов фудбалер на Тотенхем ќе биде довчерашниот капитен на Рома, Алесандро Флоренци кој истакнал подготвеност за трансфер во Премиер лигата. Според најавите, наредниве денови се очекуваат финалните преговори и меѓу двата клуба околу евентуалниот трансфер на Флоренци.

Доколку не успее да го договори Флоренци, Покетино како „план Б“ го има албанскиот репрезентативец Хисај од таборот на Наполи.

Најавено е и заминувањето од Тотенхем на левиот бек Дени Роуз, кој воопшто нема да отпатува со тимот на летната турнеа.

Се вчитува...