Капитенот прв стави потпис на нов договор со МЗТ Скопје (ФОТО)

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, денеска го потпиша новиот двегодишен договор, објави клубот од „Јане Санднски“. Со ова „металците“ и официјално го почнаа формирањето на тимот за новата сезона. Претходно, пристигна потврда дека Ѓорѓи Кочов ќе го предводи составот на МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона.

Клубот од Аеродром очекува и официјално да биде учесник во најквалитетното АБА друштво, а одлуката треба да биде донесена до крајот на месецот.

Се вчитува...