Капитенот Стјепановиќ заминува од Работнички, стартот на подготовките на 8 јануари

Капитенот Остоја Стјепановиќ ќе го напушти Работнички во зимскиот преоден рок, а покрај него си заминуваат и Деан Митрев, Леон Најдовски и Филип Петковски, објави клубот на официјалниот сајт. „Романтичарите“ ќе тргнат во делумно обновување на ростерот и се очекува да доведат неколку нови фудбалери.

Работнички го заокружи првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига на четвртата позиција со 26 бода, а фудбалерите добија одмор до 8 јануари, кога тренерот Жикица Тасевски го закажа првиот собир, со почеток во 13 часот. Во меѓувреме, активностите ќе бидат насочени кон ангажман на нови засилувања.

Се вчитува...