„Капитенски“ еден час за Пандев, Џенова поразена од Рома на дебито на Шева (ВИДЕО)

Рома славеше со 0-2 на гостински терен над Џенова во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ја имаше капитенската лента во првиот меч на Андриј Шевченко како тренер на клубот.

Џенова успеваше да одолее на нападите на гостите се до 82. минута кога Афена Гијан стрелаше на асистенција на Хенрик Мкхтаријан и донесе водство од 0-1. Конечните 0-2 ги постави истиот играч во 94. минута. Поранешниот македонски репрезентативец беше заменет во 63. минута.

 

 

 

Се вчитува...