Капитулација на шампионот, Јокиќ се избори за шести меч против ЛА Клиперс

Торонто неуспешно ја заврши одбраната на ланската титула, откако „рептилите“ ја загубија „мајсторката“ против Бостон (87-92) во полуфиналето од Источната конференција.

Како пресудна се покажа брзата транзиција на Бостон, „зелените“ постигнаа 23 пени од контранапади, воедно и одиграа добра одбрана во моментите кога тоа беше најважно. Џејсон Тетум го одигра својот најдобар меч токму на „мајсторката“ реализирајќи 29 поени, 12 скокови и 7 асистенции. Пред Торонто се тешки неколку месеци, во обид да се задржат Ван Флит, Ибака и Гасол, кои стануваат слободни агенти.

Никола Јокиќ беше во главна улога во триумфот на Денвер над ЛА Клиперс (111-105), намалувајќи ја на 3-2 негативата во полуфиналето од Западната конференција. Клиперси делуваа сигурно на пат до конференциското финале, но Денвер изненади со извонредна игра во последната четвртина. Предводени од Јокиќ, кошаркарите на Денвер го добија овој дел со 38-25, направија целосен пресврт и останаа во игра во оваа плејоф-серија.

Мареј беше најефиксен со 26 поени, но и слаб шут од поле, додека Јокиќ го заврши мечот со 22 поени, 14 скокови и 5 асистенции.

Се вчитува...