Карабах пред исфрлање од Лига Европа – Портпаролот на клубот испраќал пораки за убиство на Ерменци

УЕФА го суспендираше портпаролот на азербејџански Карабах, Нурлан Ибрахимов бидејќи објавувал навредливи коментари за Ерменија на социјалните мрежи. Ибрахимов се соочува со обвинение за расистичко и дискриминаторско однесување и кршење на основните правила на пристојното однесување, наведуваат од УЕФА.

„Да се убијат сите Ерменци, жени, деца, старци“ – напиша на својот официјален фејсбурк профил Ибрахимов, коментирајќи ги воените судири во Нагорно Карабах, во кој се вклучени Азербејџан и Ерменија.

Тој поради тоа нема да може да биде дел од тимот за натпреварот против Сиваспор во Лигата на Европа. Повеќе од 20 фудбалери и официјални лица на Карабах добија опомена поради военото поздравување на мечот од Лигата на Европа кој го играа во Полска.

Фудбалскиот сојуз на Ерменија побара од УЕФА тимот да биде исфрлен од Лигата на Европа поради коментарите на портаролот кој повикуваше на убиство на сите Ерменци.

Се вчитува...