Карабатиќ бесен на ЕХФ: Сите тие одлуки се застрашувачки, неспортски…

Одлуката на ЕХФ да ги поништи нокау-фазата од Лигата на шампионите и баражите за пласман на Светското првенство 2021 во Египет налути голем број светски ракометари. Меѓу нив прв реагираше Игор Карачиќ, кој со Кијелце остана без можност да се бори за место на Ф4 турнирот во Келн.

Оваа одлука на ЕХФ не е најјасна и за Французинот Никола Карабатиќ.

„ЕХФ сака да играме ракомет во декември, но тоа нема смисла. Сите овие одлуки се застрашувачки, неспортски. Но, нас играчите никој не не прашува за ништо. Бесен сум затоа што ние сме тие кои играме“ – вели Карабатиќ, и дополнува:

„Разбирам дека ЕХФ има свои финансиски интереси и сака некако да ги одбработи натпреварувања. Но, ми се чини сето тоа на грбот на ракометарите. Вложувате голем напор низ пеколен ритам, а на крај ризикувате и да си ја скратите кариерата“.

Се вчитува...