Карабатиќ испишува историја во Келн

Никола Карабатиќ пред две години потпиша со ПСЖ како актуелен европски првак со Барселона, а „светците“ не ја криеја намерата со овој трансфер да направат чекор напред кон својата прва титула шампион на Европа. Лани тие беа запрени во полуфиналето против Кјелце, но избраниците на Сердарушиќ се максимално мотивирани денеска (15.15 часот) против Веспрем да се прикажат во подобро светло и да се пласираат во големото финале.

Мотив повеќе за Карабатиќ е шансата за испишување на нова историја во европскиот ракомет, со оглед на податокот дека најдобриот француски ракометар има можност да стане првиот играч што станал европски првак со четири различни клубови. Карабатиќ има освоено титули со Монпелје (2003), Кил (2007) и Барселона (2015), но покрај него шампиони со по три различни клубови станувале и Рутенка (Целје, Сиудад Реал, Барселона), Зорман (Целје, Сиудад Реал, Кјелце) и Омбрадос (Тека Кантабрија, Портланд Сан Антонио, Сиудад Реал).

Фајналфор турнирите се посебни бидејќи конкуренцијата во текот на целата сезона е огромна, па не знаете кога повторно ќе дојдете назад во Келн. Овие два дена се празник на ракометот, тимовите даваат се од себе за да стигнат до пехарот, а јас искрено се надевам дека овојпат ПСЖ ќе биде екипата што ќе се радува на крајот“ – изјави Никола Карабатиќ.

Се вчитува...