Карабатиќ: На ПСЖ не му „лежат“ екипи со шпански тренери

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Идентично како Вардар, ова ќе биде прво европско финале и за тимот на ПСЖ. Ракометниот дрим-тим создаден по огромните инвестиции на арапските газди на фудбалскиот клуб во првата сезона не успеа ниту да стигне до Келн, во втората беше елиминиран во полуфиналето од Кјелце, но „светците“ вчера ја минаа првата пречка на Ф4 завршницата.

Многу работи во играта на францускиот гигант зависат од браќата Карабатиќ, Никола е предводник на нападите на „светците“, додека Лука е столб на одбраната на ПСЖ и неслучајно беше избран за најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите оваа сезона.

Чувството е посебно и прекрасно, ова не е прв фајналфор само за ПСЖ, туку и за мене како играч. Сигурно ќе дадам се од себе за да го кренам пехарот, но знам дека нема да биде лесно бидејќи како што реков сите екипи кои стигнаа до Келн се исклучително силни. Ако игравме со Барселона, веќе ќе бевме доволно тактички подготвени бидејќи сезонава одигравме два меча со овој ривал. Варар е противник со кого се немаме сретнато досега и сигурно ќе треба подетално да ги анализираме. Она што е јасно е дека станува збор за тим што играта ја базира на цврста одбрана. На ПСЖ генерално гледано не му одговараат ривали со шпански тренери поради преголемиот акцент кон одбраната, но еве, тука во Келн останатите три тима се со стратези токму од оваа земја“ – истакна Лука Карабатиќ во пресрет на денешното финале.

Се вчитува...