Карабатиќ не мрда од ПСЖ, нов договор за големиот ас

Голем број ракометни мегаѕвезди го напуштија ПСЖ во изминатиот период, на излезна врата се наоѓаат и Хансен и Ремили, но нивните стапки нема да ги следи и Никола Карабатиќ.

Француската ракометна суперѕвезда ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов едногодишен договор со ПСЖ, со важност до јуни 2023 година. Карабатиќ е дел од „светците“ од 2015 година, кога пристигна за милионска отштета од редовите на Барселона, каде настапуваше заедно со нашиот Кире Лазаров.

„Пресреќен сум што ќе ја продолжам авантурата во ПСЖ за уште една сезона. Двете страни јасно покажаа колку сакаат соработката да продолжи, моја желба е да дадам свој придонес за ПСЖ да продолжи да се развива како клуб, со освојување на трофеи, но и со ширење на позитивни спортски вредноста и надвор од терените“, изјави Никола Карабатиќ.

Се вчитува...