Карабатиќ објави кога ќе ја заврши репрезентативната кариера

Никола Карабатиќ е подготвен за збогување од францускиот национален тим, а ракометниот генијалец својата репрезентативна каериера ќе ја заврши на претстојните Олимписки Игри во Токио. Асот на ПСЖ во интервју за данската телевизија „ТВ2 Спорт“ говореше за плановите за иднината, откривајќи дека догодина би требало и официјално да им каже збогум на „триколорите“.

„Би било прекрасно да ја завршам репрезентативната кариера на ОИ, можеби со медал. Сакам заокружувањето на целата приказна да биде со убави спомени, низ кариерата секогаш сум давал се за репрезентацијата, но во 2020 ќе бидам на 36-годишна возраст. Време e да почнам да размислувам за своето здравје и да им го отстапaм местото на помладите, да играм ракомет со своите деца и да ја завршам кариерата“ – истакна Никола Карабатиќ.

Францускиот репрезентативец е еден од најтрофејниот ракометари во светот, тој веќе има освоено две олимписки злата, три титули европски првак и четири трофеи светски шампион.

Се вчитува...