Карабатиќ: Ова најмалку го очекувавме…Лазаров го одигра можеби и мечот на кариерата

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов 

Пари Сен Жермен важеше за голем фаворит за титулата на Ф4 во Келн, но мина полошо и од минатата сезона, кога загуби во финалето од Вардар. Сега ѕвездите од Париз загубија уште во полуфиналната пресметка од Нант, тимот на Кире Лазаров.

Неговиот поранешен соиграч од Барселона, Никола Карабатиќ, вели дека парижани не се надевале на ваков развој на настаните. Но, очигледно дека самоувереноста некогаш се преточува и во препотентност, а таа може да биде кобна во спортот.

„Ова најмалку го очекувавме…. Верувавме во финале, но едноставно не можевме против расположениот Нант. Лазаров одигра можеби свој натпревар на кариерата, феноменално. Не можевме да го запреме. Тоа пресуди“, изјави Никола Карабатиќ.

Се вчитува...