Карабатиќ повторно опериран, ги пропушта квалификациските мечеви со Литванија и Романија

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Французинот Никола Карабатиќ утрово имаше успешна хируршка интервенција на глуждот на левата нога. Карабатиќ надвор од терените ќе биде четири до шест седмици, што значи дека ќе ги пропушти натпреварите од Евроквалификациите против Литванија и Романија, кои на програмата се на средината на јуни месец.

Недостатокот на Карабатиќ нема да биде голем проблем за француската репрезентација, бидејќи „галските петли“ се на делба на првата позиција со Португалија и само бод во натпреварите против Литванија и Романија ќе им биде доволен за пласман на еврошампионатот.

 

Се вчитува...