Карабатиќ се запиша во историјата на Олимписките игри, ветеранот на Франција сруши нов рекорд

Никола Карабатиќ од денеска стана новиот рекордер на Олимписките игри според бројот на одиграни натпревари, одличниот ветеран и понатаму е во редовите на репрезентацијата на Франција, па дефинитивно тој е еден од ретките играчи кои доминираа во последните две децении во светот на ракометот.

На дуелот против Бахреин тој го одигра натпреварот број 36 на Олимпијадите, а со тоа го помина легендарниот голман од Русија, Андреј Лавров кој застана на бројката од 35 настапи на игрите.

Инаку, и за Карабатиќ и за Гигу ова е петта Олимпијада. Првиот настап и двајцата ветерани меѓу триколорите го имаа во 2004 година и оттогаш редовно беа на Олимписките игри. Во 2008 и 2012 година освоија златни медали, а пред пет години во Рио беа сребрени.

Интересно е тоа што во моментов третото место припаѓа на уште еден играч од Франција, а станува бор за Мишел Гигу, кој против Бахреин го одигра 33. натпревар. Доколку не се случи нешто непредвидено до крајот на Олимписките игри ќе има шанса да се израмни со Лавров бидејќи ќе има уште два натпревари со Франција во Токио.

Се вчитува...