Карабатиќ: Сите се силни на овој Ф4, ќе ни биде тешко и на нас и на Барса

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

На ПСЖ како на тим со најголем буџет од четирите екипи на фајналфор му се даваат нешто повеќе шанси за титулата во однос на останатите. Сепак, членовите на францускиот првак се свесни за големината на предизвикот, но исто така и решени по ланскиот фајналфор турнир и полуфиналниот пораз од Кјелце овојпат да направат најмалку еден чекор напред во Келн.

Многу работи во играта на „светците“ ќе зависат од Никола Карабатиќ, најдобриот светски ракометар кој пред две години ја освои својата последна титула европски првак со Барселона.

Сега би можеле да играме со Барса во финалето, тоа сигурно би бил добар меч, но не размислувам толку далеку. Причина е јасна, нема да ни биде лесно ниту на нас, ниту пак на Барселона бидејќи и Веспрем и Вардар се силни тимови кои заслужено се овде. Фајналфор турнирот секогаш е посебно натпреварување, тука се најдобрите тимови во Европа и ние ќе треба да одиграме најдобро што знаеме за да стигнеме до посакуваниот резултат“ – истакна Никола Карабатиќ.

Се вчитува...