Карачиќ: Ги сакам Вардар и Македонија, но останувам во Киелце уште две години

Поранешниот ракометар на Вардар од шампионската генерација, Игор Карачиќ, откри дека имал одредени разговори за враќање во Скопје, но, сепак, без конкретна понуда од клубот. Сега дефинитивно останува уште две години во Киелце.

„Не е тајна дека ги сакам Вардар и Македонија. Немав конкретна понуда од клубот, но имаше некои разговори за враќање во Скопје и тоа секако ми годи. Вардар е голем клуб и актуелен европски првак, но јас имам уште две години од договорот со Киелце кој сепак ми понуди подобри услови“, изјави Карачиќ за хрватските медиуми.

Киелце беше во финансиски проблеми во текот на летото, но ситуацијата во клубот полека се стабилизира.

Се вчитува...