Еден од најдобрите хрватски ракометари, Игор Карачиќ во завршницата од натпреварот со Шпанија (22-22) на Европското првенство 2020 заработи силен удар во коленото во дуелот со Алекс Душебаев.
Многумина во Хрватска стравуваат дека Лино Червар сега ќе го нема Карачиќ за полуфиналето со Норвешка, но Карачиќ ги отстрани сите стравувања…
„Апсолутно нема никаква можност да го пропуштам полуфиналето. Ако треба ќе играм и со една нога. Се е во ред, не стравувајте“ – порача Карачиќ преку видео снимка.
Хрватска во полуфиналето утре од 18:30 часот во Стокхолм игра против Норвешка, единствената репрезентација која ги има сите победи на ЕП. Во второто полуфинале се среќаваат Шпанија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА