Карачиќ: И Дувњак ми бараше топка, но јас го избрав Муса

Игор Крачиќ не беше на нивото од натпреварот против Шпанија, бидејќи исцрпеноста и повредата си го направија своето. Сепак, никој не може да му го одземе „големото срце“ кое што го има поранешниот ракометар на Вардар. На крајот ја направи клучната асистенција за Жељко Муса кој го постигна победничкиот погодок за 29-28.

„Искрено не знам како сево ова го издржавме. Акцијата со Муса беше тренирана. Јас ја земав топката и видов дека има уште 9 секунди до крајот. Одлучив да му додадам на Муса, иако го слушнав Дувњак позади мене како вели Кара, Кара“, изјави накратко Карачиќ. 

Во финалето Хрватска го очекува подобриот од мечот меѓу Шпанија и Словенија.

Се вчитува...