Карачиќ и преубавата Македонка со заеднички тренинг: Кого тоа Игор малтретира? (ФОТО)

Седумте години во редовите на Вардар на еден од милениците на скопската публика Игор Карачиќ, покрај двете европски титули, му донесоа многу повеќе. Му ја донесоа и љубовта на неговиот живот, Македонката Душица Андоновска која неодамна ја побара и за сопруга.

Карачиќ деновите во изолација ги минува секако со убавата Душица која постави и фотографии од заедничкиот тренинг, притоа прашувајќи се:

„Кого тоа Игор го малтретира со вежбање?“

Долго време Игор и Душица ја криеја својата љубов од јавноста, но од почетокот на оваа година сето тоа веќе не може да се скрие. Душица беше со него и на патот до освоениот медал на Европското првенство, а сега се заедно и во Полска каде 31-годишниот Карачиќ игра за Кијелце.

Се вчитува...