Карачиќ: Направивме нешто големо за малиот хрватски народ

Десетици илјадници луѓе се собраа на плоштадот „Бане Јелачиќ“ како би ги пречекале ракометарите на хрватска, кои го освоија сребрениоте медал на Европското првенство. Поранешниот Вардарец, Игор Карачиќ кој доби место во идеалната постава на турнирот, со моќен говор ги поздрави сите кои беа дојдени да ги поздрават „ракометните херои“.

„Единствено нешто што можам да кажам е дека сум премногу горд на вас. Ви благодарам во името на целата репрезентација. Бевме тажни по поразот од Шпанија, но сега сме пресреќни бидејќи видовме дека напраивме нешто големо за нашиот мал хрватски народ. Дадовме се од себе. Нашите навивачи ни дадоа дополнителен ветер во грб. Репрезентацијата сите 20 дена дисеше како едно семејство, а во финалето одлучуваа ситници“, изјави Карачиќ. 

Хрватска во трилер натпревар во финалето на ЕВРО шампионатот загуби од Шпанија со 22-20.

Се вчитува...