Карачиќ: Ова беше посебен меч за мене, публиката ме поздрави срдечно, а вардарци одлично ме дочекаа

За Игор Карачиќ ова беше посебен натпревар. Се врати во Скопје и играше против Вардар, клубот во кој мина прекрасни седум години. На крајот, реми, со кое сепак гостите не се презадоволни. Тоа го потврдува и Карачиќ, кој сепак истакна дека публиката го поздрави срдечно, а екс – соиграчите од Вардар го пречекаа одлично.

„На крајот Киелце изгуби бод, ја прекинавме традицијата на Вардар против Киелце, но се надевавме на повеќе и расположени бевме за повеќе. Бевме подготвени и за Криштопанс и за Дисингер, но Вардар не изненади со ниските играчи, а се покажа и Калифа. За мене овој натпревар беше посебен, на еден начин уживав, но и не бев толку во натпреварот. И благодарам на публиката која срдечно ме поздрави, и секако на соиграчите од Вардар кои одлично ме дочекаа“, изјави Игор Карачиќ.

Се вчитува...