Карачиќ: Ова ни е Божја награда!

Игор Карачиќ се врати во Скопје за овој фантастичен дочек, за последно славје со вардаровата дружина пред трансферот во Кјелце. Хрватскиот бек беше еден од ретките што гласно веруваше во чудото во Келн, па неслучајно беше и предводник на „црвено-црните“ на теренот на „Ланксес Арена“.

„Ова е божја награда за сето она што го претрпевме во текот на целата сезона. Јасно е, пресреќни сме, отидовме на Ф4 за да уживаме, да играме без притисок. Сакавме само да ги израдуваме нашите навивачи, кои сега ни се оддолжуваат со овој фантастичен дочек. Хемијата што ја имаме во самиот тим, поврзаноста со навивачите, тоа е нешто што не може да се опише“ – истакна Игор Карачиќ.

Се вчитува...