Карачиќ: Се уште верувам дека Киелце ќе се спаси

Игор Карачиќ во Скопје ја дочека непријатната вест за иднината на Киелце, откако полскиот гигант остана без генералниот спонзор во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Полјаците стартуваа кампања во обид да се соберат 550.000 евра, за клубот да продолжи да функционира со актуелниот играчки кадар, а доколку тоа не се случи тогаш Киелце ќе биде принуден да ги продаде најдобрите ракометари, меѓу нив и Карачиќ.

Враќањето во Вардар останува сериозна опција за хрватскиот бек, но тој одби да даде коментар на овие информации, коцентрирајќи се само на ситуацијата во Киелце.

Искрено, изненаден сум. Знаев дека цело време се водат разговори за градот да му помогне на  клубот, но она што се случи е новост за сите нас. Сепак, се уште верувам дека ќе се најде решение, дека Киелце ќе се спаси“, истакна Карачиќ за хрватските медиуми.

Се вчитува...