Карачиќ си оди од Киелце, на негово место доаѓа нов екс-вардарец

Игор Карачиќ е на добар пат да си замине од Киелце откако хрватскиот ас никако не успева да се договори за продолжување на соработката со актуелниот првак на Полска. Договорот на Карачиќ истекува на крајот од оваа сезона, a газдата на клубот Бертус Сервас не е најзадоволен од неговиот однос, па неодамна изјави дека е „време Карачиќ да докаже колку го сака Киелце како клуб“.

Се чини дека Сервас е свесен дека Хрватот нема да потпише нов договор, па веќе ја договори неговата замена во клубот. Станува збор за уште еден поранешен играч на Вардар, и тоа Словенецот Сташ Скубе. Одличниот среден бек го носи дресот на Мешков Брест, но тој договор истекува во јуни 2022 година, а според полските медиуми Скубе веќе се договорил веднаш потоа да се пресели во Киелце.

На излезна врата од Киелце се наоѓа и левиот бек Кулеш, за кого полскиот првак исто така планира замина која има настапувано во македонското првенство, поранешниот член на Металург, Халил Јагањац.

Се вчитува...